Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дожд, северен ветар и пад на температурите – од утре до средина на наредната недела

/

Македонија

Сподели преку :

Од утре до средината на наредната недела, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни. Според Управата за хидрометеоролошки работо, на повеќе места се очекува да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар, особено во недела. Локално врнежите ќе бидат проследени со невреме, пороен дожд, засилен ветар и грмежи.

Во вторник, под влијание на постуден бран, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Во Скопје, од утре до средината на следната седмица се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската котлина врнежите ќе бидат пообилни, а локално ќе има и ретки грмежи. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветар, со пад на температурите. 

Jumbo 2