Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Достава на лични карти и возачки дозволи на домашна адреса – МВР почна со пилот проект во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека почна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици. Целта е олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи.

„Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје“, се вели во соопштението на МВР.

Од МВР ги известуваат граѓаните дека во сабота, 27 јануари ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ од 8 до 16 часот.

Jumbo 2