Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Долгите тендерски постапки во прилог на комарците – „Ако треба да се прска во април, не е исто дезинсекцијата да се спроведе во мај“, вели единствениот ентомолог за Телма

/

Македонија

Сподели преку :

Прогласувањето на епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини го отвори прашањето дали превентивните мерки беа преземени навремено и соодветно. За единствениот ентомолог во земјава Николина Соколовска меѓусекторската соработка треба да биде на повисоко ниво, мерките беа спроведени според динамиката на генерациите на комарците и може да се каже навремено, но има сегменти во кои беше задоцнето.

„Секоја година зависи мора да напоменеме и од тендерските постапки. Значи ако ние како стручњаци напоменуваме дека тоа мора да биде некаде април месец, се спроведува следниот месец мај. Но сето тоа е условено од тендерските постапки коишто заради секакви причини се одолговлекуваат. Најважно е поголем акцент да имаме на ларвицидната дезинсекција. Мораме точно да ги мапираме водните површини и сите мораме да ги третираме со ларвицид. Тоа е она што го прават сите земји во Европска Унија“, рече Николина Соколовска, ентомолог во Центар за јавно здравје – Скопје.

Во интервју за Телма професор Даниловски нагласи дека е многу важно да се направи и анализа за бројот на комарците пред и по дезинсекцијата, дали има ефикасна контрола на векторите. Според Соколовска во овој дел е клучна соработката на Центрите за јавно здравје и одредени општини во кои постојат ризик фактори.

„Таква анализа до 2024 та година имаме, 2025 и 2026– та тоа е малку стопирано бидејќи веќе имаме една претстава како е динамиката на комарците. Меѓутоа морам да напоменам дека иако е се навремено, потребно е некои измени да се направат во стратегијата за дезинсекција на комарците. Да се зајакнат контролите кон приградските општини бидејќи тие ни се главно жариште. Тука би ги споменала Илинден, Петровец, Зелениково, Сопиште, Студеничани итн. Да се контролира колку пати прават, како го спроведуваат тоа. Дали елаборатите што им ги праќаме ги применуваат итн. Сепак тие ни се клучни влезни точки и ризични места за развој на комарците и нормално природниот циклус на западнонилска треска“, вели Николина Соколовска, ентомолог во Центар за јавно здравје – Скопје.

За Соколовска важно е да се има системска координација за решавање на проблемот со комарците, но мора да се подигне и свеста на граѓаните низ едукација за како превентивно да делуваат во однос на сите ризик фактори, без да се заборави и на климатските промени нивното влијание врз векторските болести и начинот на кој се справуваме со отпадот.

Нина Стефанова

 

 

Jumbo 2