Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Додека Маврово го чека новиот закон за заштита – странци објавуваат видеа од ловење на диви животни низ паркот

/

Македонија

Сподели преку :

Маврово повеќе од една деценија го чека своето репрогласување за национален парк. Процесот со години е закочен и никако да започне. Од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ предупредуваат дека со тоа се дозволува да се случуваат нелегални работи на оваа територија како дивоградби, сечење дрва, ловеќе на животни, изградба на хидроцентрали и слично.

  • „Од 2010 година наваму нема закон за повторно прогласување на Маврово за национален парк. Во 2015 година имаше иницијатива која беше повлечена од страна на Владата без никакво образложение“-Марко Гучевски, еко-свест.

Од невладината пред извесен период побарале надлежното Министерство за животна средина да ја исполни својата законска обврска и да го репрогласи овој парк.

  • „Имавме допис до Министерството за животна средина и просторно планирање адресирано лично до министерот, тоа беше на 9ти септември и беше потпишано од 21 организација. Со тоа бараме итно да се преземе административната процедура за прогласување на Националниот парк Маврово“ -Ана Чоловиќ Лешоска, Еко-свест.

Од надлежното Министерство за животна средина велат дека треба да се изработи нов закон. Ги канат невладините на јавна расправа, а уверуват дека во скоро време паркот ќе добие план за управување.

  • Министерство за животна средина и просторно планирање: „Министерството за животна средина и просторно планирање смета дека постапката за повторно прогласување на НП Маврово треба да биде завршена со што ќе се исполнат обврските од Законот за заштита на природата и ќе се донесе План за управување како основен документ за работа на паркот.“

Додека се чека репрогласување на паркот и негова заштита на јутуб каналите може да се забележат како странци објавуваат видеа од ловење на диви животни низ паркот. Од друга страна во рамки на сегашните граници на паркот функционриаат неколку мали хидроцентрали. Со евeнтуaлно репрогласување односно носење на закон овие енергетски капацитети ќе треба да се дислоцираат затоа што ќе влезат во зоните на заштита.

Тамара Марковска

Б.С.

Jumbo 2