Добивката на Лотарија не е приватна каса – рече денеска во Собранието пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски и ја праша Владата дали во својство на Собрание на акционери на АД Државна лотарија донела одлука за користење на 300 милиони денари од нераспределената добивка за прославата на 35-годишнината од независноста, дали се платени сите даноци поврзани со организацијата на настанот кои ги избирал настапувачите и кои компании обезбедиле дополнителни околу 40 милиони денари.
Во одговорот, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски оцени дека станува збор за еден од најуспешно организираните настани по повод јубилејот на независноста и рече дека Владата е горда на начинот на кој било одбележано 35-годишнината од независноста.Според него добрата организација бодела очи на опозицијата и го упати прашањата да ги испрати до надлежните органи.













