Со закон да се утврди минимален број на гласови потребни за еден судија да стане член на Судски совет но и можност да се гласа против не само за – кога има еден кандидат. Да се дефинира поимот “истакнат правник” затоа што непрезицизноста влијае на квалитетот на членовите на судски. Ова се дел од препораките на Оценската мисија ЕУ. Телма дојде до извештајот кој содржи 40 препораки во 5 области – состав и структира на судски совет, мандат на членовите, избор и назначување, дисциплински постаплки транспарентност и ресурси и финансирање.
Експертите предлагаат членовите кои не се од редот на судиите да се бираат во постапка како онаа за антикорупционерите. Министерот за правда и претседателот на Врховен да не бидат членови на Судски. Мандатот на членовите да се скрати од 6 на 4 години а да се зголеми мандатот на претседатeлот од 2 на 4 години. Препорака и да се намали обемот на работата на членовите на судски за да останат поврзани со судската средина. Член на Советот да не може да биде избран само за судија, судија на повисок суд, претседател на суд не само за време на неговиот мандат, туку најмалку една година потоа. Се препорачува и подетално регулирање на дисциплинската постапка за членовите на судски
Да се размисли за воспоставување постапка за разрешување на претседателот на Судскиот совет, која ќе вклучува основи за одговорност, што треба да биде предвидено со закон. Обезбедете процедурална разлика помеѓу разрешување како претседател и како член на Судскиот совет. Размислете, таква постапка да ја поведат минимум двајца членови на Судскиот совет, стои во извештајот
Кога не се избираат прворангирани судии туку пониско рангирани, се препорачува, Судскиот совет да ги аргументира ваквите одлуките. Расправите во дисциплинските постапки за судиите да бидат јавни, а во закон да се наведе исклучоци кога јавноста треба да биде ислучена. Се предлага можноста да се намали бројот на судии потребен да иницираат дисциплинска постапка за член на судски, да се овозможи судијата да се може да се жали и против втората одлука на судски совет. Препораки има и во однос на подобрување на транспрентноста но и за тоа владата да обезбеди финансиска независност на судството затоа што моменталниот буџет не е доволен да ги покрие сите трошоци на судствоо. Да се обезбеди ефективна буџетска автономија.
Според Оценската мисијата за успехот во реформскиот процес покрај законски измени, потребна е имплементација со добра волја и почитување на принципите на интегритет, отчетност и транспарентност.
-Промена на законодавството (како што беше кога важечкиот Закон за судски совет и измените на Законот за судовите беа усвоени во 2019 година) нема да биде доволен за да се промени актуелната состојба во судството и генерално, во владеењето на правото. Во овој процес не треба да се толерираат обиди за политичко или друго надворешно мешање, стои во извештајот
Во делот за општи препораки се потенцира дека членови на Судскиот совет треба да ги извршуваат своите должности според највисоките етички стандарди.
Препораките се групирани во краток среден и долг рок. За дел треба да се менуваат закони, за дел потребни се и уставни измени а има и такви за кои не се потребни легислативни измени
Елена Ивановска Мукоска













