Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница

/

Македонија

Сподели преку :

На полноќ истече рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија. Вкупно се поднесени шест кандидатури – четири од коалиции и две од групи избирачи.

За градоначалник ќе се борат Јовица Радески, кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини од ВЛЕН, Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“, Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ), како и независните кандидати Арифе Идризи и Душан Богдановски.

Предвремените локални избори во Брвеница се закажани за 18 октомври 2026 година. Изборите се одржуваат по смртта на градоначалникот Ивица Илиевски, кој почина на 23 јуни на 58-годишна возраст.

Jumbo 2