Со транспаретни, знамиња и патриоткси декор групата демонстранти од пред владата мина крај „Мавровска“, изрази револт пред Министерството за надворешни работи и протестот, деветти по ред го заврши пред Собранието. Оттаму, говорниците од бината порачаа „стоп на бугараизацијата преку францускиот предлог“. Пред насобраните граѓани прв се обрати претседателот на македонскиот диплоамтски сидникат, кој побара од министерството, во кое и тој работи, да го презентира спорниот протокол во јавноста.
Денес министерството за надворешни работи е киднапирано од страна на Бујар Османи, со жестоки репресивни мерки раководството се обидува да ги држи дипломатите во покорност и зависност. Но, тоа нема да помине, рече Зоран Дабиќ.
Дел од демонстрантите кои денеска протестираа против францускиот предлог, на улицата пред зградата на МНР испишаа улични графити „Македонија не е на продажба“. Претходно групата помина крај „Мавровска“. По минатонеделните инциденти, во овој дел од градот попладнево имаше засилено полициско обезбедување. Но, без ниту еден инцидент групата стаса пред Собранието. За предлогот за кој се протесирта по девети пат говореше и адвокатката Ружица Николовска.
Ни малку не е наивно тоа што се обидуваат како едно наивно прашање да го вметнат, протнувањето и ставањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Ако тоа го дозволиме, знаете ли што ќе направиме? Ќе дозволиме да ни се истакнуваат бугарски симболи слободно, да ни се зборува на bугарски јазик овде. Ние имаме наша историја, идентитет и ние имаме нешто што нашите предци го оставиле и не смееме да дозволиме сето тоа да го изгубиме, вели Николовска.
Го кријат протоколот затоа што со него се распродава Македонија, продолжија со коментар и останатите двајца говорници, по што протестот заврши. На денешниот протест беше објавен транспарент на која беа фотографиите на пратениците кои, како што велат протестирачите, се предавниците на народот.
Павле Беловски













