Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дел од партиите со осуда за “глорифицирање“ на Ратко Младиќ осудениот за геноцид од страна на владин функционер

/

Македонија

Сподели преку :

ВРЕДИ најостро го осудува секое глорифицирање на четниците, а особено на Ратко Младиќ, осуден за геноцид и други тешки злосторства.

– Уште позагрижувачки е кога вакви содржини се објавуваат од страна на раководител на институција чија задача е да ги штити правата на Албанците и на другите заедници. Ова не е прашање на лични вкусови или убедувања. Ова е прашање на стандардите на еден јавен функционер и на пораката што институциите им ја испраќаат на граѓаните, велат од ВРЕДИ.

Партијата бара итна одговорност. Оној кој не ги почитува жртвите и вредностите на соживотот не може да биде гарант на правата на заедниците.

Стоилковиќ и Ратко Младиќ: Воениот злосторник како „генерал“ во Владата на Македонија, велат од СДСМ.

  • Иван Стоилковиќ, министер во Владата на Северна Македонија, до вчера заменик-премиер, денеска јасно покажа каде му е местото и кои му се вредностите. За него босанскиот српски лидер Ратко Младиќ – осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото е величина и херој.  За него тој е „негов генерал“ – среде Македонија, реагира опозицијата.

Сметаат дека ова е дел од поширока агенда: Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник. Наместо да гледаме кон иднината, кон Европа, кон демократско и просперитетно општество – ние се враќаме во деведесеттите, во политиката на Милошевиќ и војните.

  • Министер во Владата на Мицкоски јавно велича човек осуден за геноцид во Сребреница. Тоа не е ниту личен став, ниту „културна разлика“. Тоа е директна порака: во оваа Влада има место за оние кои ги слават воените злосторници од најмрачните страници на балканската историја. СДСМ најостро го осудува овој чин.
Jumbo 2