Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо, единствено доаѓа предвид терестрична дезинсекција

/

Македонија

Сподели преку :

Би било премногу симплифицирање ако причината за состојбата на епидемија на западнонилска треска во која се наоѓаме се сведе на лоша дезинсекција во минатото, тоа не е моноетиолошка работа, туку повеќе причинска состојба, изјави универзитетскиот професор и епидемиолог, Драган Даниловски во денешното издание на Телма интервју на ТВ Телма.

„Имаме климатски промени последните години, сè повеќе се случува климатското затоплување се зголемува. Летата траат подолго, гледате што се случува со топлотните бранови. Тоа се климатски услови кои што се погодни за размножување на комарците и други инсекти, што може да бидат вектори на заразни болести. Кај нас се случи кружење на вирусот внатре во нашата територија во природниот циклус меѓу комарците и птиците како природни резервоари. Значи веќе случаите што се кај нас се веќе автохтони, наши, не се увезени. Тоа е исто така втора причина. Трета причина е веројатно, кога се планирани оние календарски дезинсекции, премногу се инсистираше на аерозапрашување или аеропрскање. Во ситуација кога имаме тигрести комарци сè повеќе, аеропрскањето не значи ништо. Тие се лоши летачи, тие се при дното на тлото, во разни грмушки, итн. и тука одозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција“, истакна Даниловски.

Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки.

С.Д.

Jumbo 2