Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Висок ризик од пожари низ цела Македонија, освен повисоките делови на Шара

/

Македонија

Сподели преку :

Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари, речиси целата територија на земјава,  со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, инфомираат од ЦУК.

– Иако во моментов нема подрачја со многу висок индекс, постои ризик од појава на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет.

Според Центарот за управување со кризи, до 13 часот денеска се регистрирани седум пожари на отворен простор. Три се активни, два се под контрола, а два се изгаснати.

Активни се пожарите кај село Лакавица во Штипско, кај местото Видуш во близина на Македонски Брод, како и на воениот полигон Криволак во Неготино, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите на депониите кај  Крива Паланка и Делчево.

Изгаснати се пожарите на патот пред РЕК Битола, во општина Новаци, и кај местото Кулата во Велес.

Е.М.

Jumbo 2