Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Единаесет активни пожари, три се под контрола, 13 се изгаснати

/

Македонија

Сподели преку :

До 18 часот денеска се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), во Општина Зелениково: с. Добрино и Тисовица (шума со даб и габер), во Општина Сарај: с. Бојане (мешана шума), во Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во Општини Јегуновце и Сарај: с. Копанце и с. Туденце во Општина Јегуновце, со проширување кон с. Бојане во Општина Сарај (мешана шума), во Општина Прилеп: с. Чаниште, со два крака – едниот кон с. Зовиќ, а другиот кон с. Крушевица (ниска вегетација), во Општина Старо Нагоричане: с. Сув Орах (шумски пожар, зафатена е и куќа), во Општина Гостивар: с. Ѓоновица (нискостеблеста вегетација), во Општина Јегуновце: с. Копанце и с. Туденце (ниска вегетација), во Општина Тетово: с. Фалиште (ниска вегетација), во Општина Арачиново: с. Орланци (депонија).

Под контрола се пожарите во Општина Делчево: Делчево (депонија), во Општина Долнени: с. Дебреште (депонија), во Општина Могила: с. Мусници (ниска вегетација).

Изгаснати се пожарите во Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација), во Општина Кратово: с. Железница (депонија), во Општина Ранковце: с. Ветуница (ниска вегетација), во Општина Велес: кон с. Карабуњиште и с. Бузалково, како и селата Добрино и Тисовица (нискостеблеста вегетација), во Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација), во Општина Зелениково: с. Палиград (ниска вегетација и шума), во Општина Штип: с. Љуботен (нискостеблеста вегетација), во Општина Долнени: с. Средорек (ниска вегетација), во Општина Ѓорче Петров: с. Волково (ниска вегетација), во Општина Сарај: с. Рашче (ниска вегетација), во Општина Сарај: м.в. Лака (ниска вегетација), во Општина Аеродром: бул. „Киро Глигоров“ (отпаден материјал).

Jumbo 2