Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Четири активни пожари, до 13 часот се регистрирани 13 на отворено

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска на територија на државата до 13 часот се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор од кои четири се активни, пет се под контрола, а четири се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (високостеблеста шума); Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец (нискостеблеста и мешана шума); Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума); и Општина Крива Паланка: с. Осиче (ниска вегетација).

Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар); Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација); Општина Кичево: с. Кнежино, м.в. Црн Камен (ниска вегетација и пенушки); Општина Ѓорче Петров: с. Грачани (шума); и Општина Делчево: градска депонија (ѓубре).

Изгаснати се пожарите во Општина Струга: с. Враништа (дива депонија); Општина Струга: с. Радолишта (депонија); Општина Куманово: нас. Перо Чичо (ниска вегетација и ѓубре); и Општина Карпош: Железни Мост (ниска вегетација).

Jumbo 2