Антикорупциската комисија ќе испрати два предмети за сомнителни јавни набавки во Обвинителството на истражување…Едниот случај се однесува за набавка и монтажа на инвертер клими во општинско основно училиште во 2024-та година – комисијата утврдила повеќе повреди на законот за јавни набавки, на начелото на трансапрентнсот и еднаков третман, како и ризик од корупција.
Другиот предмет е за набавка на половно возило-цистерна од страна на општина која антикорупцика не ја открива.Станува збор за јавна набавка на вакуум-цистерна за одржување водоводни системи во рурални средини од 2023 година, за сума од околу сто илјади евра.
Според подносителот на пријавата, возилото вредело десет-кратно помалку. Возилото е произведено во 2005-та, купено од Германија и превезено во земјава, само 27 дена пред да биде објавена постапката за јавната набавка.













