Дождот не ги спречи револтираните граѓани и денеска, четврти ден по ред, да ги продолжат протестите пред владата против францускиот предлог. Вечерашниот протест започна започна пред владата со неколку сотина граѓани.
Четириесетина минути по почетокот на протестот пред владата, голем дел од демонстрантите, чиј број се зголеми откако престана дождот, започнаа марш кон Министерството за надворешни работи и Собранието.





















