Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четиригодишно дете од Скопје прегазено во Гостивар, пренесено во болница

/

Македонија

Сподели преку :

Четиригодишно дете од Скопје било прегазено од возило на улица во Гостивар по што е пренесено на скопските клиники.

– Вчера во 16 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од село Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош е пренесена Комплексот клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје, инфомрираа од тетовската полиција.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Jumbo 2