Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарското МНР го повика македонскиот амбасадор на разговор откако на пратеник не му бил дозволен влез во Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Вршителот на должност во Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија бил повикан во Министерството за надворешни работи откако на бугарскиот пратеник Ангел Георгиев на 27 септември не му бил дозволен влез во земјата. Соопштија од Бугарското МНР, објави БТВ новините.  

За време на средбата, бугарското Министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на влезот, особено со оглед на тоа што Георгиев претходно непречено влегувал во Македонија за истата цел.

А сега требало  да присуствува на рочиште во случајот против Ива Михаилова во Кочани.

Бугарската страна изјави дека преземените дејствија од македонска страна ги смета за провокативни.

 

 

Jumbo 2