Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсовски: Новите политички елити не се многу загрижени за пристојноста и за тоа што досега се сметало за политичка традиција

/

Македонија

Сподели преку :

Вечерва во емисијата ВИН ВИН се дебатира за изборните резултати во Германија каде АФД успеа да победи во Мекленбург со освоени околу 37 отсто од гласовите, што е раст од над 20 проценти во однос на последните избори, а германскиот канцелар со ЦДУ Мерц призна пораз.  Аналитичарот Петар Арсовски изјави дека ова е резултат на променетиот политичкиот наратив кои отстапува од  политичкта  традиција и досегашниот политички начин на делување.

-Политичкиот наратив во Европа се менува, па и во светот. Тоа прво се случи во САД ние имаме сега една не препознатлива Америка во однос на нејзината претходна позиција. Тоа се должи на целосниот демократски и структурен колапс на либералната политика која едноставно не најде јазик за 21 век. Десницата, упорно има подобри перформанси од левицата секаде. Има подобри перформанси во кампањите, владеењето. И сега реалноста е таа и ќе и треба малку време на германската, но и на европската сцена, да се адаптира на новото нормално. А новото нормално е дека новите политички елити не се многу загрижени за пристојноста и за тоа што се сметало за политичка традиција и политички начин на делување. Сега прашањето за ЕУ, па и за Германија се сведува на тоа дали АФД ќе го следи патот на Мелони која стана многу помека откако влезе на власт и ги модерираше претходно своите радикални изјави или ќе остане цврсто на своите ставови“, вели Арсовски.

Тој уште истакнува и дека во најлошото сценарио АФД може да стане дел од националната Влада во Германија и своите политики да ги претвори во делумна реалност.

  • Во најлошто сценарио АФД може да стане дел од националната Влада во Германија и своите политиќи да ги претвори во делумна реалност. Во моментов тие сметаат дека ЕУ не е вистинското место за Германија. Од овие нивни изјави до тоа реално да се случи има подолг пат за кој се потребни повеќе секвенци. Ако на тоа се додаде дека Франција ќе има свртување кон десно со Леп Пен иако во Франција синдикалните организации и работничките права се многу силни и не е толку слободен просторот како во Германија, доаѓаме во една ситуација во која реално Европа треба да ја обмисли својата интерна улога, својата геоплитичка позиција. Ние имавме најава пред два дена дека Шпанија веќе нема да гласа за било која точка за проширувањето од свои идентитетски прашање. Треба да се навикнеме дека новиот јазик на политиката во 21 век ја брише масата со сите политики на кои сме биле навикнати досега, изјави Арсовски во Вин Вин.

 

Jumbo 2