Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аплицирале за кредит од 900.000 денари со фалсификат лична карта на друго лице и кредитна документација – уапсени три лица во банка во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Три лица од Скопје се лишени од слобода на 29 јули под сомнение за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Акцијата ја спровеле полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје

Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, И.Т., со помош на другите две лица, се обидел во една банка во Скопје да поднесе барање и да подигне кредит во износ од 900.000 денари, користејќи фалсификувана лична карта со податоци на друго лице и фалсификувана кредитна документација.

Лицата биле лишени од слобода во моментот на обработка на документацијата во банката, а во координација со дежурен јавен обвинител биле изведени пред судија на претходна постапка.

Jumbo 2