Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената судска пресуда за кумановката Гордана Филиповиќ осудена на 2 и пол години затвор за прегазување на пешакот Слободан Ангеловски. Несреќата се случи во јануари 2022-ра година, на пешачкиот премин кај мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје.
Со одлуката, која ја потврдија членовите на семејството на загинатиот Ангеловски, пресудата станува правосилна цели 4 и пол години по трагедијата.
Апелациониот суд ги отфрлил жалбите и на обвинителството кое бараше повисока затворска казна и на одбраната која бараше поништување на пресудата и утврдување на околностите на несреќата.
Семејството Ангеловски, како и обвинителството сметаа дека казната е преблага бидејќи Филиповиќ беше обвинета за дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот по став за кој е предвидена минимална казна од 4 години затвор.
Кривичниот суд еднаш и пресуди три години затвор на Филиповиќ, но скопска апелација ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење на кое беше изведено и супер вештачење.
Обвинетата Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која претходно (2020-та година) настрада во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст, а тројца меѓу кои и затвореник на отсуство, во бизарен и вознемирувачки случај го осквернавија гробот на настраданата девојка барајќи злато и вредни предмети во гробот, додека се уште траеше судската постапка за несреќата со малолетната Јелена.

Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители во обид да извршат кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик, на Градските гробишта во Куманово. Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од… Продолжи со читање













