Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангелов: Десетици пожари низ Македонија, најкритично во Студеничани и Македонски Брод

/

Македонија

Сподели преку :

Вчера бил најтежок ден од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор. Од нив, 46 се изгаснати, додека шест остануваат активни, информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Меѓувреме се појавиле и нови жаришта низ државата.

Најголем предизвик во моментов се пожарите во атарите на Рамни Габер во Студеничани и Драгов Дол во Македонски Брод.

Гасењето е отежнато поради стрмниот и непристапен терен, а во акцијата се вклучени воздухоплови, специјални тимови и пожарникари.

Пожарот во прилепско е ставен под делумна контрола, но предизвикал и материјална штета.

Активни пожари има и кај Старо Балдовци, Маково, Муждивњак и Лозани, каде постои опасност огнот да се прошири.

Ангелов апелираше до граѓаните на максимална внимателност, бидејќи континуираното појавување на нови пожари сериозно ги исцрпува ресурсите на институциите и локалните пожарникари.

Jumbo 2