Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Андоновски: СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее

/

Македонија

Сподели преку :

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека земјава ќе продолжи да се развива во дигиталната сфера и оти ќе има нови инвестиции во високи технологии.

Неговата најава доаѓа откако денеска Советот на Општина Пехчево, едногласно, со девет гласа „за”, меѓу кои пет од советници на ВМРО-ДПМНЕ, ја тргна од дневен ред точката за изградба на дата-центар во ова населено место.

A градоначалникот рече дека иницијативата била поднесена од физички лица, сопственици на земјиштето, а тој има обврска да ја проследи до советот.

Андоновски, во објава на својот Фејсбук, ги обвини опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за попречување на инвестициите во центри за податоци.

Меѓу главните забелешки на седницата беа недостатокот на информации за инвеститорот, како и прашањата за тоа колку вода и електрична енергија би трошел објектот.

Беа изразени и сомнежи за потенцијалното влијание врз природата и животната средина, како и критики дека граѓаните и стручната јавност не биле доволно вклучени во процесот.

Но, градоначалникот вели дека и Целиот процес бил во почетна фаза, затоа и не е организирана јавна дебата.

Иницијативата за Дата центар во Пехчево е приватна, ја поднеле сопствениците на земјиштето

Советот на Општина Пехчево едногласно ја отфрли иницијативата за изградба на Дата-центар во градот. На денешната седница сите девет советници гласаа против. Од нив, петмина се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тројца од СДСМ и коалицијата, а еден е од Движење ЗНАМ. Гласањето следуваше по реакциите во јавноста во изминатите денови околу најавениот проект и начинот… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2