По дилемите во јавноста за финансисирањето на прославата за 35 години независност вредна 5,5 милиони евра државниот обвинител Ненад Савески вели обвинителството ја анализира ситуацијата. Дали има предмет, што презема? – вели рано е да се каже .
„Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, обвинителството ја анализира од кривично правен аспект и доколку најде основи за тоа, ќе постапи.
Во каква фаза е? Дали има предмет, предистрага?
Рана е фазата тоа се случување денови наназад. Секоја рана фаза е предистражна постапка и доколку има предистражна постапка не треба да се зборува затоа што е тајна“, рече Ненад Савески државен обвинител.
И ДКСК ги следи реакциите но за сега нема отворено предмет за трошење на средствата за прославата туку само предмет за судир на интерес. Станува збор за член на комисијата за понуди кој бил и изведувач односно учествувал во прославата.
„Потенцираме дека ДКСК ги следи реакциите на јавноста за транспарентно трошење на буџетските пари, и веруваме дека и истражните органи го следат случајот и доколку оценат можат да отворат случај“, рече Бесник Џемаили, заменик претседател на ДКСК
Опозициските партии со денови реагираат и ги повикуваат надлежните да го истражат текот на парите. Тежиштето всушност е кај Обвинителството, а истото има доволно елементи, причини, скандали за да постапи веднаш по допрен глас велат од Левица. И од СДСМ го повикуваат обвинителството да направи целосна истрага и да утврди како биле носени одлуките, кој ги носел и каде е одлуката на Собранието на акционери на Државна лотарија?
5,5 милиони евра чинеле манифестациите за 35 години независност. Најголем дел се од сметката на Државна лотарија . Владата ја задолжила Лотарија, нераспределената добивка од 2024 година од 4,8 милиони евра да ја намени за спонзорирање на прославата останатиот дел се донации од фирми.
Елена Мукоска













