Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Али Ахмети: Албанија што гори е Албанија на сите нас

/

Македонија

Сподели преку :

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази  загриженост за случувањата во Албанија и упати апел до  политичките партии во Албанија, институциите и демонстрантите да покажат воздржаност, да го прекинат насилството и преку дијалог да најдат излез од кризата.

-Со длабока загриженост ги следам последните случувања во Албанија. Во овој деликатен момент, кога ситуацијата достигна точка што бара исклучително внимание и одговорност, албанската политика мора да покаже зрелост, мудрост и висока свест за заедничкиот интерес“, порача Ахмети.

-Албанија е татковина на сите Албанци, во и надвор од нејзините граници, таа е заеднички дом на генерации што се жртвувале за слобода и еднаквост. Во вакви моменти, политичкото раководство се мери според способноста да ги намали тензиите, да изгради мостови за комуникација и да му понуди на општеството конкретни решенија. Затоа, ова е време за длабоко патриотско размислување. На Албанија ѝ е потребна заложба што ги надминува партиските граници и ги става на прво место интересите на граѓаните, институционалната стабилност и иднината на земјата, истакнува во статусот  Ахмети.

Jumbo 2