Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ахмети на средбата со Варнс – ја истакна цврстата определба за целосната имплементација на Охридскиот рамковен договор

/

Македонија

Сподели преку :

Денес, во седиштето на Демократската Унија за Интеграција во Тетово, лидерот на ДУИ, Али Ахмети имаше средба со вршителката на должноста Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција, Никол Варнс.

  • Ја изразив мојата благодарност до г-ѓа Варнс за нејзиниот посветен и конструктивен ангажман, како и за придонесот во зајакнувањето на партнерството меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија. Во отворена и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните политички случувања во земјата и за значењето на зајакнувањето на демократските институции, објави Ахмети по средбата.

Тој ја потенцира американската поддршка која беше одлучувачка за постигнувањето на Охридскиот рамковен договор и останува суштинска за зачувување на неговиот дух, унапредување на еднаквоста и зајакнување на општествената кохезија.

  • Го реафирмиравме нашето цврсто определување кон стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, целосната имплементација на Охридскиот рамковен договор и непоколебливата европска ориентација на државата, објавува Ахмети.
Jumbo 2