По денешната изјава на Јавен обвинител на ОЈО за ГОКК Наташа Поп Трајкова, по завршувањето на денешното судење на кое е обвинета поранешната прва антикорупционерка Татјана Димитровска реагираше бранителот на обвинетата.
Обвинителката соопшти дека обвинителството постапува поради постоење индиции и се сослушуваат сведоци од други институции против обвинетата Димитровска, а во врска со индииции и сомнежи произлезени од анализата и податоците во телефонот на обвинетата.
-Ваквиот однос е недозволен и претставува директно заплашување на обвинетата и повреда на принципот на презумција на невиност кое начело е гаранција против произволност и злоупотреба на државната власт, односно спротивно на ЕУ директивата која забранува јавни изјави од државни органи што можат да сугерираат вина и воедно претставува обид однапред да се наметне осуда на обвинетата во јавноста, реагира адвокатот Владимир Туфегџиќ кок смета дека изјавата на обвинителката е доказ за потребата од реформи во јавното обвинителство.

Почна судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска. Обвинителството ќе докажува две дела – дека му одала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во „Адитив“, но и дека ревизорот Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“. Одбраната ќе го побива обвинението. Според адвокатот податоците што завршиле кај Стојановиќ не се службена… Продолжи со читање













