ВЛЕН денес, наводно, откри дека трагедијата во Тетово бара институционална одговорност и дека на јавноста „ѝ се должи одговор“. Но, пред ВЛЕН да морализира за одговорноста и правдата, треба да им одговори на граѓаните: Каде бевте вие тогаш?, парашуваат од Алијанса на Албанците.
- Двајца од денешните лидери на ВЛЕН, Изет Меџити и Биљал Касами, беа дел од власта за која денес се преправаат дека немале никаква поврзаност. Покрај тоа, Изет Меџити во тоа време беше потпретседател на ДУИ. Затоа, денес да се излезе и да се користи оваа трагедија за напади врз другите, притоа заборавајќи ја улогата и политичката одговорност на луѓето што денес го предводат ВЛЕН, е најчист пример за политичко лицемерие. Четиринаесет човечки животи не смеат да бидат средство за политичка пропаганда, ниту оружје во партиската пресметка. Семејствата на жртвите ги заслужуваат вистината и правдата. А правдата не може да се бара само за политичкиот противник, а да се заборава кога одговорноста ги засега луѓето што денес го предводат ВЛЕН, велат од АА.













