Љупчо веќе десет дена е исчезнат, а семејството и неговите блиски, и полицијата трагаат по него.
Неговиот внук Дарко, на социјалните мрежи напиша дека семејството уште пред исчезнувањето повеќепати барало помош од институциите, предупредувајќи дека Љупчо има сериозни психички проблеми и дека понекогаш престанувал да ја зема терапијата.
Според Дарко, пријави за неговото однесување имало и од станари во зградата. Семејството, како што наведува, барало помош од полицијата, а обезбедило и упат од лекар за болничко лекување и задржување.
Тој тврди дека потоа им било кажано дека во болницата нема место поради реновирање, а при една од последните реакции од полицијата добиле одговор дека нема што да се направи доколку Љупчо е мирен.
Сега семејството бара итна и организирана потрага, но и одговори што било преземено пред неговото исчезнување.
МВР претходно соопшти дека презема мерки за негово пронаоѓање.
Семејството апелира до сите кои имаат каква било информација за Љупчо да се јават на 073-717-090 или во најблиската полициска станица.













