Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

40 проценти со ризик фактор за мозочен удар, 74 годишен пациент веднаш е хоспитализиран – првентивните прегледи со загрижувачки резултати

/

Македонија

Сподели преку :

Кај 60 од вкупно 174 граѓани кои вчера направиле бесплатни превентивни здравствени проверки во центарот на Скопје биле измерени зголемени вредности на крвниот притисок.

Покачен шеќер во крвта бил регистриран кај 34 лица, а зголемени маснотии кај 45 граѓани, информира директорот на Универзитетската клиника за неврологија, д-р Јован Божиновски.

Мерењата беа организирани на штанд на плоштадот „Македонија“, каде што граѓаните бесплатно можеа да го проверат крвниот притисок, шеќерот и холестеролот, како и да направат проценка на ризикот од мозочен удар.

 

Jumbo 2