15-годишник од тетовското село Боговиње е примен во Клиничкиот центар во Тетово со прострелна рана во пределот на стомакот. Случајот бил пријавен вчера во СВР Тетово.
Подоцна, во полиција се пријавиле татко и неговиот 16-годишен син, кои предале пиштол со празна рамка.
Според изјавата на таткото, куршумот бил испукан од невнимание од пиштолот што го носел неговиот малолетен син.
Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.
Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.













