Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Северна Македонија прва по број на починати во Европа, четврта во светот

/

Македонија

Сподели преку :

Во изминатите седум дена, Србија е прва во Европа и втора земја во светот според просечниот дневен број на нови инфекции со коронавирус на милион жители, според ourworldindata.org.

Според оваа веб страница, Србија има просечно 1.018 нови случаи по малата островска држава Гренада, со просечно 1.447 новозаразени дневно, пишува белградскиот весник „Данас“.

Црна Гора се наоѓа на трето место, Монголија на четврто и Доминиканска Република на петто. Во првите десет земји се и Израел, Суринам, Куба, Санта Лусија и Антигва и Барбуда.

Од европските земји веднаш по Србија на списокот се наоѓа Словенија, со просек од околу 500 нови случаи на инфекции на милион жители во изминатите седум дена, а потоа следува Велика Британија.

Повторно задоцнето пријавување на починати од Ковид- млада мајка меѓу жртвите вчера, а матичните бараат и тие да тестираат заради подобар третман на пациенти

18-годишна мајка на 6-месечно бебе е најмладата Ковид жртва од вчера. Смртноста се зголемува, матичните бараат да тестираат во ординација за побрз третман на заразените. Девојка која се породила во март е најмладата жртва на Ковид 19 од вчера. Во кобниот билтен имаше вкупно 41 починат, а тројцата најмлади се 18-годишната девојка, 23-годишно момче од… Продолжи со читање

telma.com.mk

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на милион жители, а во Европа прва е Северна Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот.

Во Европа, според смртноста, по Северна Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.

Jumbo 2