Спој на современата њујоршка џез- сцена, истакнати странски солисти, прослава на јубилеи на авторите Сашко Николовски и Славе Димитров и настапи на европски фестивали. Ова е концептот на програмата што ќе ја реализира Националниот џез оркестар до крајот на годината. Таа ќе започне на 7 октомври во Националната опера и балет, со концерт на кој Џез оркестарот под диригентство на Џијан Емин ќе настапи со добитникот на наградата Греми за најдобар албум од голем џез- ансамбал, американскиот композитор, аранжер и тапанар Дан Пугач. Солисти на концертот се Никол Зуратис и Џонатан Сарага, исто така наградени со Греми. Тие ќе го изведат наградениот албум „ Бјанка во нови руво: Музика за шепи и упорност“.
- Со овој проект тој ќе дојде. Ние ќе го придружуваме него, заедно со Никол Зуратис и со Џонатан Сарага, кои што се исто така негови соработници во овој проект. Така што сметам дека ова е еден навистина врвен почеток , според мене. Значи добитник на Греми награда од минатата година. Тоа е тоа кон што целиме ние цело време, кажа Гордан Спасовски, џез- пијанист – член на Националниот џез оркестар на Македонија.












