Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјоделци го блокираа патот Прилеп – Битола бараат исплата на субвенциите

/

Економија

Сподели преку :

Пелагониските земјоделци денеска го реализираа најавениот протест и околу еден и пол час целосно го блокираа сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, во близина на Тополчани.

На протестот се приклучија сточари, градинари, лозари и други земјоделци од регионот.

Тие реагираат на доцнењето на субвенциите, падот на откупната цена на млекото и зголемените трошоци за производство.

Сточарите велат дека не им се исплатени премии за предадено млеко и субвенции по грло добиток, а бараат и дополнителна поддршка по литар предадено млеко.

Земјоделците велат дека финансиски се исцрпени и дека состојбата во секторот станува неодржлива, особено пред почетокот на есенската сеидба.

Од протестот порачаа дека очекуваат исплата на заостанатите субвенции и поголема поддршка за земјоделското и сточарското производство.

Струмичките земјоделци на протест – пелагониските сточари највуваат блокада на Меџитлија

Струмичките земјоделци четврти ден протестираат поради ниските откупни цени на ајварката. Велат дека со вакви цени не можат да ги покријат ниту производствените трошоци. На денешниот протест во Струмица  се пожалија дека  пиперката се откупува по пониски цени од лани. Револтирани се од, како што велат, игнорантскиот однос и на Министерството и на откупувачите. „Штетата… Продолжи со читање

telma.com.mk