Кризната состојба ќе биде продолжена до април. Неизвесноста со тензиите на Блискиот исток ги пореметија глобалните пазари. Но, овој пат од владата стигаат пооптимистички тонови. Премиерот Мицкоски тврди дека има најави за можно спласнување на случувањата, но дека не можеме да се потпираме на таквите очекувања. Па, затоа ќе падне одлука за ново продолжување на кризната енергетска состојба, за уште шест месеци. Моменталната истекува за 10 тина дена, односно на 21 октомври.
Ќе ја продолжиме за уште шест месеци. Имаме некои најави дека може да дојде до деескалација на ситуацијата, но сето тоа нас не нÈ спречува ако може да ја прекинеме. Дај боже да дојде до деескалација и смирување на состојбата. Но кризната состојба ќе ја продолжиме за уште шест месеци, мислам до април, изјави премиерот Христијан Мискоски
Глобалните случувања удрија по светските берзи. Најмногу на удар е цената на енергенсите. Во моментов на домашен терен во овој дел се делува со намалена акциза за горивата и намалено ДДВ само за дизелот – мерка која вчера беше продолжена за уште 10 тина дена.
Најави за нови мерки нема. За тако нешто барем за сега не се разговарало, но ако има потреба , просторот да се делува со нешто плус е многу мал.
Глобалните случувања ги променија и пресметките во државната каса. Се направи нов, втор по ред ребаланс на буџетот, но дојде и ново задолжување од 150 милиони евра. Се скратија и приходите и расходите. Сепак, можно е да крајот на годината да има уште една анализа – односно прераспределба на средства.
Последно, берзите на нафтата неделата ја затворија повторно со висока цена од речиси 105 долари за барел. Па, останува да се види какви корекции на цените на горивата ќе направат регулаторите од понеделник.
Ирена Чачкова












