Глобалните тензии ги дигнаа берзантските цени, а особено се зголемени трошоци кај транспортот. На годишната конференција на Македонската берза, претставниците на големите компании нагласија дека нивните трошоци за работа се значително пораснати но сепак економистите уверуваат дека се уште не сме влезени во рецесија.
Генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов рече дека со подигнување на цените на енергенсите поскапеа материјалите и амбалажите.
Економистите предлагаат доколку продолжи кризата да се воведат ваучери за гориво, а потоа доколку е потребно и за други производи…
Во вестите во 12:30 на Телма, од Охрид известуваше Ирена Чачкова. Ова се поентите.












