Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Светска банка: Економскиот раст на Западен Балкан ќе достигне 3,1% годинава

/

Економија

Сподели преку :

Економскиот раст на Западен Балкан се очекува да забрза на 3,1 отсто во 2026 година, во споредба со 2,6 отсто во 2025 година, а во 2027 година да достигне 3,4 отсто, покажува најновиот извештај на Светска банка.

Растот ќе биде поттикнат од потрошувачката и инвестициите, додека економиите во регионот продолжуваат да покажуваат отпорност на глобалните економски предизвици и да се приближуваат кон Европската Унија.

Сепак, од банката предупредуваат дека за создавање повеќе и подобро платени работни места неопходни се реформи за намалување на трговските бариери и трошоците за работење на компаниите.

Иако трговијата со стоки и услуги во 2025 година достигнала 107 отсто од регионалниот бруто-домашен производ, нетарифните мерки, административните процедури и ограничувањата во прекуграничните услуги и натаму го отежнуваат работењето на бизнисите.

Според проценките на извештајот, отстранувањето на половина од преостанатите пречки за увоз би можело да го зголеми регионалниот БДП до 12,5 отсто на среден рок.

Светска банка препорачува поедноставување и дигитализација на процедурите, намалување на непотребните инспекции и усогласување на стандардите и квалификациите.

Целта е компаниите полесно да настапуваат на меѓународните пазари, да го зголемат извозот и да создаваат одржливи работни места.