Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се подготвува договор: Венецуела ќе префрли над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк

/

Економија

Сподели преку :

Венецуелската влада и опозицијата во државата се пред постигнување договор за префрлање на златните резерви на централната банка, во вредност од околу 4 милијарди долари, од Банката на Англија до Федералната резервна банка на Њујорк, објави „Фајненшл тајмс“.

Договорот предвидува привремената влада предводена од Делсеа Родригез да добие законска контрола врз златото, но не и право да ги продава резервите, според четири лица запознаени со преговорите.

Наместо тоа, златото би можело да се користи за владин заем за финансирање на трошоците, вклучително и обновата по разорните двојни земјотреси во јуни.

Потенцијалниот договор за златните резерви е еден од првите конкретни резултати од преговарачкиот процес поддржан од САД меѓу привремената влада и опозицијата.

Доколку договорот биде финализиран, тој ќе го заврши седумгодишниот спор околу златните резерви, што почна во 2019 година, кога САД, Велика Британија и некои други влади го признаа опозицискиот политичар Хуан Гваидо, тогашен претседател на Националното собрание, за легитимен претседател на земјата.