Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата обвинува за промашено планирање, власта тврди се приспособува на реалноста – ребалансот на буџетот пред патениците

/

Економија

Сподели преку :

Ребалансот за прикривање на  лошото планирање на владата, а доказ за тоа е што во текот на една година излезе со три верзии на буџетот. Опозицијата со обвинувања на првиот ден од амандманската расправа. Сметаат дека новото прекројување на државата каса се прави затоа што владата не може да ги прибере планираните приходи.

Народот одамна рекол двата мери еднаш сечи. А оваа влада изгледа  прво сече па потоа мери колку погрешила. Во јуни владата го бранеше зголемувањето на дефицитот обезбедуваат дополнително средства за капитални инвестиции.  А сега капиталните инвестиции се враќаат речиси на почетното ниво, но за жал дефицитот е за 7 милијарди денари повисок од првично планираниот, изјави пратеникот од СДСМ , Фатмир Битиќи

Министерката за финансии Кочоска пак во одбрана на својата каса. Тврди ребалансот  се прави за да се прилагодат проекциите со реалните економски случувања, кои пак се под влијание на глобалните тензии. Уверува дека се крати онаму каде што има простор, а не од значајните сектори во државата.

Ова е одговорен пристап во услови на неизвесност. Да ги корегираме проекциите таму каде што реалноста го бара тоа. Да ги намалиме расходите каде што има простор за тоа, но истовремено да ги зачуваме средствата согласно законските обврски, здравствените услуги, од социјалната заштита и од приоритетните развојни проекти, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. 

Од Фискалниот совет иако сметаат дека домашната економија се уште е жилава на глобалните тензии, забележуваат дека дефицитот е поголем од износот на капиталните расходи. Нивните препораки се дека освен финансии, финансиска  дисциплина мора да има кај сите буџетски корисници.

Со ребаланс на и на приходната и на расходната страна се кратат по 86 милиони евра. Дефицитот останува  4 проценти или 750 милиони евра. Кај капиталните се кратат околу 90 милиони евра и ќе изнесуваат скоро 670  милиони евра.

Растот останува на проекцијата од 3, 5 проценти, а инфлацијата од 3, 8 отсто. Нема корекции кај јавниот долг. Во моментов тој е над 10, 7 милијарди евра или скоро 59 отсто од БДП. До крајот на годината можна е да има уште една распределба на средства, односно да се оди со пренамена во буџетот.

Ирена Чачкова