Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НБРМ објаснува: Македонија меѓу земјите со најниско ниво на БДП по жител, Босна и Херцеговина се наоѓа под нивото на Македонија

/

Економија

Сподели преку :

Македонија спаѓа меѓу земјите со најниско ниво на БДП по жител ги појаснуваат од НБРМ за Телма последните податоци на Евростат.

„Во рамки на регионот, повеќето земји имаат повисоко ниво на БДП по жител во однос на Македонија, при што Турција, Црна Гора, Србија и Албанија се поблиску до просекот на Европската Унија“, додека Босна и Херцеговина се наоѓа под нивото на Македонија, велат од НБРМ.

Од НБРМ понатаму појаснуваат дека БДП по глава на жител според паритет на куповна моќ (ПКМ) е мерка за БДП по жител приспособена за разликите во нивоата на цените во различните земји. На агрегатно ниво, користејќи го ПКМ како еден вид девизен курс, се врши конверзија на економските показатели изразени во национални валути во една вештачка заедничка валута. Со тоа се елиминира ефектот од разликите во нивото на цените меѓу земјите и се овозможува соодветна меѓународна споредливост на податоците за БДП. Оттука, тој претставува споредлив и хомоген показател за споредба за нивото на БДП по глава жител помеѓу одделни земји. Еуростат произведува индекси, преку коишто се согледува како одделните земји се позиционирани во однос на овој показател во однос на просекот од ЕУ-27 земјите.

„За Македонија индексот изнесува 43% и покажува дека тековно нашиот БДП по глава жител е 43% од просекот на ЕУ земјите – ова е т.н. мерка за реална конвергенција на економијата, велат од НБРМ.

Дополнително, индивидуалната потрошувачка по жител во Македонија е половина од просечното ниво во Европската Унија. И во однос на овој показател, Македонија е позиционирана пред Албанија и БиХ.

Податоците покажуват и дека просечното ниво на цени во Македонија е околу половина од просечното ниво на цени во Европската Унија. Со други зборови, кошницата на споредливи добра и услуги која во просек чини 100 евра во ЕУ27, во Македонија би чинела приближно 50 евра. Во споредба со другите земји, ценовното ниво во Македонија е најниско во Европа.

 

 

Jumbo 2