Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нафтата над 100 долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

/

Економија

Сподели преку :

Цената на суровата нафта Брент во средата го надмина прагот од 100 долари за барел, првпат од 24 јули, поради зголемените стравувања дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да го наруши снабдувањето со нафта.

Фјучерсите на Брент поскапеа за 2,01 долар, односно 2,05 отсто, достигнувајќи 100,19 долари за барел, пред да се стабилизираат на 99,93 долари. Американската нафта WTI поскапе за 1,49 долар, односно 1,60 отсто, на 94,52 долари за барел.

Цената на Брент е зголемена за околу 25 отсто од почетокот на минатиот месец, додека надежите за трајно решение на конфликтот меѓу САД и Иран се намалуваат.

Од почетокот на војната на 28 февруари, Брентот достигна највисоко ниво од 126,41 долар за барел, забележано на 30 април.

Дополнителен притисок врз пазарот создадоа нападите на Хутите, поддржани од Иран, врз енергетски објекти во Саудиска Арабија. Во нападите биле запалени нафтени постројки, што ја зголеми загриженоста дека конфликтот може дополнително да се прошири.

Истовремено, нападите го загрозуваат транспортот на нафта преку Црвеното Море, важна алтернативна рута до Ормускиот Теснец, каде што протокот на нафта е сериозно намален од почетокот на војната.

Аналитичарите предупредуваат дека секое дополнително нарушување на клучните транспортни рути или на производството во регионот би можело да предизвика нов раст на цените на нафтата.