Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Надлежните уверуваат: Енергетската криза во светот нема да влијае врз производството на електрична енергија оваа зима

/

Економија

Сподели преку :

Се санира потенцијално свлечиште во рудникот Суводол паралелно со ремонт на блоковите во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј во пресрет на претстојната зима и зголемената потрошувачка на електрична енергија. Надлежните уверуваат дека нема да никакви проблеми во снабдувањето бидејќи има доволно јаглен а клучниот товар за производство на струја ќе го понесат термо капацитетите Битола и Осломеј.

РЕК Битола ќе работи со еден блок до почетокот на ноември кога се очекува пад на температурите и ќе се вклучи и вториот блок. Во зависност до падот на температурите и потрошувачката ќе се вклучи и ТЕЦ Осломеј но и третиот блок во РЕК Битола. Хидро капацитетите кои во моментов се на 43 проценти исполнетост ќе се користат во крајна нужда во јануари и февруари бидејќи тие се неопходни за балансирање на мрежата.

-Акцентот ќе биде на термото. Двата блока во Битола ќе бидат во погон. Да не заборавиме дека РЕК Осломеј веќе на 5ти ќе биде подготвен да го вклучиме на мрежа бидејќи излегува од ремонт. Така да базната енергија ќе се осигуриме преку производството во трите блока – двата во Битола и еден во Кичево. Третиот во Битола ќе биде по потреба, ќе биде вклучуван во зависност од периодите на оптовареност на конзумот, вели Лазо Узунчев, генерален директор на ЕСМ

Од ЕСМ уверуваат дека јаглен ќе има доволно и дека санацијата санација во рудникот Суводол за да се спречи свлечиште ќе биде завршена. Доколку има потреба ќе се набавува јаглен и од Косово каде е склучен договор со главната енергетска компанија во Косово – КЕК за ископ на околу 3 милиони тони.

– Во моментниов нашиот јаглен е обезбеден преку ископ, во двата рудника во Битола. Иако се работи на санација во Суводол, таа ќе заврши за не повеќе од месец дена од денес, каде што ќе ги максимизираме дневните ископи. ВО моментов имаме и три договори за добавувачи на јаглен од рудници во Грција. Во моментов за претстојната грејна сезона имаме релативно солдини количини на јаглен на кои може да се потпреме“, вели Лазо Узунчев, генерален директор на ЕСМ

Во моментот тече третата фаза на ревитализација на шесте големи хидро електрани, во која се вложени 46 милиони евра, а со која ќе се добијат комплетно нови инсталации со обновен и проширен капацитет за речиси 50 гигавати годишно што би требало да донесат дополнителни 5 милиони евра годишни приходи.

Огнен Чанчаревиќ

 

Jumbo 2