Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 18 милиони евра за јаглен и амбициозен план – по ланскиот неуспех ќе успее ли ЕСМ да произведе струја според планот

/

Економија

Сподели преку :

По ланското најниско производство во последната деценија, па и повеќе ЕСМ и годинава со оптимистички план. Прогнозите се дека од домашните капацитети ќе бидат испорачани нешто над 4.300 гигават часови електрична енергија. Бројки кои звучат амбициозно со оглед на тоа дека приближно околу оваа количина е испорачана пред шест години, но и тогаш производството било нешто помало од она кое сега се планира.

И за 2025 година од ЕСМ имаа високи очекувања. Тогаш планот беше дека државните електрани  ќе произведат нешто над 5.000 гигавати, количина која исто така не се испорачала доста долг период. Но, на крајот 2025 , ЕСМ ја заокружи со најниско производство во последната деценија.

Па, така останува да се види дали овој пат амбициозниот план на државните електрани ќе се реализира?

Тие извесен период струјата од хидроцентралите ја користеа како основна енергија затоа што производството таму беше значително подобрено, заради временски услови. Но, од тука се отвара прашањето дали во текот на престојната зима,  по стартот на грејната сезона водата повторо ќе го спаси ЕСМ за да може целосно да ги покрие потребите или пак ќе се потпира  и на набавки кои веќе неколку години чинат околу 100 милиони евра.

Во меѓувреме компанијата за  помалку од два месеци склучи три договори за набавка на јаглен од околу 350 илјади тони, за потребите на РЕК Битола,  за кои ќе плати над 18 милиони евра.

Дел од овие количини ќе ги донесе веќе добро познатата грчка компанија Протергија Енерџи, но во игра влегува и ново име. Работата ќе ја заврши ЕНЕРЏИ МАКС, фирма која постои од 2022,  бизнисот добро им тргнал лани,  а во 2025 имале  двајца вработени.

Поради исцрпеност на рудниците овој енергенс се повеќе се обезбедува од надворешни добавувачи. Од друга страна поради лошиот квалитет често се прави и дотур на мазут во производството на струја.

Ирена Чачкова