Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ММФ со благо зголемување на прогнозата за раст – влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот ќе се шири како „бавно цунами“

/

Економија

Сподели преку :

Меѓународниот монетарен фонд благо ја зголеми прогнозата за растот на светската економија во 2026 година на 3,1 отсто, но предупреди дека растот ќе остане слаб, додека за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот оценката е дека ќе се шири како „бавно цунами“.

Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, предупреди дека брзиот развој на вештачката интелигенција и намалувањето на развојната помош може дополнително да го продлабочат јазот меѓу развиените земји и земјите во развој.

Таа повика на поголема поддршка за државите со ниски приходи преку финансиските механизми на Фондот.

На годишните средби на ММФ и Светската банка во Бангкок, Георгиева истакна дека е потребно дополнително финансирање на фондовите што обезбедуваат поволни кредити и помош за најсиромашните и најранливите земји.

Таа предупреди и дека конфликтите во регионот на Блискиот Исток и растот на цените на енергијата може да имаат негативни последици врз светската економија.

Георгиева оцени и дека силниот економски раст на САД нема да биде доволен за брзо решавање на проблемите со јавниот долг и буџетскиот дефицит.

Според податоците на Канцеларијата за буџет на Конгресот, американскиот дефицит достигнал два трилиони долари, додека вкупниот јавен долг на земјата надминал 40 трилиони долари.

ММФ сега очекува цените на нафтата во текот на годинава да се зголемат за речиси 41 отсто, на просечно 96 долари за барел, што би ја зголемило глобалната инфлација на 4,7 отсто во 2026 година, од 4,1 отсто минатата година.

  • „Прогнозата е многу нерамноправна низ државите, отсликувајќи ги разликите во изложеноста на цените на услугите и активностите кај Вештачката интелигенција, како и цените на заемите. Извозниците на енергија кои не се од регионот на конфликтот и државите тесно интегрирани во циклусот на вештачката интелигенција се очекува да поминат подобро, додека увозниците на енергија и оние кои имаат ограничено учество во бумот на Вештачката интелигенција се соочуваат со послаби изгледи за раст. Многу од сиромашните земји и кревки држави спаѓаат во оваа втората група,“ рече Силвана Тенрејро – Директор на Одделот за истражувања на ММФ.

Ажурираната прогноза беше објавена во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок.