Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ММФ: Централна Азија подобро од очекувано се справи со последиците од војната на Блискиот исток, но ситуацијата останува сериозна

/

Економија

Сподели преку :

 Директорот на Одделот за Блиски Исток и Централна Азија на Меѓународниот монетарен фонд, Џихад Азур, од годишниот состанок на ММФ со Светската банка предупреди дека економската ситуација во овој дел од светот останува сериозна, и покрај тоа што последиците од конфликтот на Блискиот Исток немаа толку деструктивно влијание колку што беше очекувано.

Оваа прогноза продолжува да биде под влијание на исклучително висока несигурност. Најважниот ризик е продолжување на конфликтот. Дополнителни нарушувања во производството на енергенси, поморските рути или критичната инфраструктура би ја намалила активноста на заливските извозници, во исто време создавајќи поголем инфлаторен притисок и дополнителен товар врз фискалните и надворешните позиции ширум регионот, рече азур.

Според Азур, пренасочувањето на нафтата преку алтернативни рути, зголемувањето на количините од приватни компании, како и залихите пред војната го ублажија ударот од затворањето на Ормускиот теснец и извозот на заливска нафта.

На тој начин се купи малку време, констатираше Азур, предупредувајќи дека сега залихите се испразнети а капацитетот на производство е искористен, што значи дека дополнителни нарушувања на нафтените пазари би можеле да резултираат со многу поголем скок во цените.