Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минималната плата останува 26.000 денари – партиите со меѓусебни обвинувања, кој се грижи за работничките права

/

Економија

Сподели преку :

Додека минималната плата останува 26 илјади денари, а трошоците за живот растат, предлогот за нејзино зголемување на 36 илјади денари предизвика нова политичка расправа. Од СДСМ ги критикуваат партиите чии пратеници не го поддржаа предлогот, а особено ја посочуваат Левица, потсетувајќи на нејзините предизборни ветувања за работниците.

  • „Ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошница. Медијална плата, односно исплата од први до седми. Дупла дневница за викенд и празник. Укинување на привилегијата за плати над 10.000 евра. Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше“- Богданка Кузеска, СДСМ.

Од Левица им порачуваат наместо да критикуваат повеќе да се занимаваат со нивната партија. Според нив, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со години водат политики во интерес на бизнисот, додека Левица продолжува да предлага закони за заштита на работничките права.

  • „Апсурдот е во тоа што законот на СДСМ предвидуваше парите за зголемувањето да одат од државата, а профитот да остане кај газдите. Левица е фокусирана на законска борба против оваа ненормална власт. Ние предложивме закон за зачувување на боледувањето и во процедура имаме други закони за квалитетот на животот. Немаме намера да се занимаваме со бизнис-партијата СДСМ”-Левица.

Од Сојузот на синдикати на Македонија бараат повеќе да се вреднува трудот на работниците. Претседателот на ССМ Трендафилов дека загрижувачки е тоа што голем дел од вработените земаат потпросечни плати.

  • „До шесто евра плата според податоците на УЈП за 2025 година имаат половина од работниците во Македонија. под 31.200 колку што е прагот на сиромаштијата има повеќе од една третина од работниците. Идат на работа, а сепак се сиромашни“ – Слободан Трендафилов, ССМ.

Предлогот за зголемување на минималната плата за 10 илјади денари го поднесе СДСМ, но мнозинството присутни пратеници во Собранието не го поддржаа. Последното зголемување на минималната плата беше во март, кога таа се зголеми за 1.600 денари согласно законското усогласување.

Тамара Марковска

Б.С.