Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милиони евра за јаглен – ЕСМ купи нови 350 илјади тони, за само два месеци

/

Економија

Сподели преку :

За само два месеци државната ЕСМ склучи договори за набавка на 350 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола. Дел од овие количини односно првите 100 илјади тони договорени на почетокот на јуни, чинат 5, 3 милиони евра, а ќе ги доставува веќе добро познатата грчка компанијата Протергија Енерџи.

На јавниот повик – отворен систем со договор за набавка на 100.000 тони јаглен за потребите на РЕК Битола, кој беше затворен на 4 јуни, избран е економскиот оператор Протергиа Енерџи ДООЕЛ. Договорот е склучен по цена од 449 денари за гигаџул, велат од ЕСМ.

По овие количини, кон крајот на јуни е направен нов договор за набавка на нови 100 илјади тони, а кон средината на јули за уште 150 илјади тони.

Повикот пак со кои се обезбедува потребниот јаглен е отворен до почетокот на октомври.
Фирмата Протергија Енерџи ДООЕЛ пак е веќе извесен период е редовен доставувач на потребниот енергенс за работата на термоцентралите во земјава. Таа е во сопственост на Митилинеос, компанијата со која претходно имаше обиди да се склучи договор да градат гасна централа во Скопје.

Поради исцрпеност на домашните рудници ЕСМ се повеќе количини на јаглен набавува од надворешни добавувачи. Но, според, последниот извештајот на компанијата минатата година се купувал помалку јаглен, сепак се користел повеќе мазут за потребите на двете централи и за РЕК и за Осломеј, за кој ЕСМ платил над 30 милиони евра.

И од компанијата потенцираа дека имаат потреба повеќе од овој енергенс заради неквалитетниот јаглен кој се употребува. Извесен период се користеше и мазутот од државните резерви.

Инаку, минатата година по оптимистичките најави дека ќе се произведат нешто над 5.000 гигават  часови струја нешто што не се случило со години, на крајот 2025 се заокружи со најниско производство во последната деценија.

Ирена Чачкова

Jumbo 2