Се уште се трага по инвеститор кој би ги презел погоните од АПТИВ и БМЗ кои најавија дека ДО крајот на годинава ќе заминат од земјава.
Од ТИРЗ уверуваат дека се водат разговори до повеќе инвеститори и до крајот на годината се надеваат дека ќе се најде некој кој ќе ги преземе капацитетите во кои работеа двете компании кои подолго време функционираа во зоната во Скопје.
Но, најголеми се очекувањата дека компанија која затвора погони во Европа ќе дојде и ќе работи тука. Од технолошко индустриски развојни зони не откиваат за кој станува збор само дека е инвеститор од ЕУ.
Се преговара со инвеститор од земја членка на ЕУ кој ќе ги затвори погоните во Европа.Наша цел и заложба е да постигнеме договор со овој инвеститор се со цел да ги преземе овие објекти во зоната во Скопје, пишува во дописот од ТИРЗ
Останува да се види дали од ТИРЗ ќе успеат да убедат некој да дојде и да ги преземе погодните од АПТИВ и БМЗ или пак извесен период ќе останат празни.
Двете компании соопштија дека заминуваат од земјава, а производството го селат во други држави како Португалија и Полска.
Претходно клуч на врата стави и американска Дура.
Податоците од институциите покажуваат дека за две години односно од јули 2024 до шести месец 2026 вкупниот прилив на странски директни инвестиции изнесуваат 1, 3 милијарди евра. Но, од одговор од ТИРЗ на прашање на Телма колку од овие инвестиции се нови, колку од вложувањата се од компании кои веќе работат тука и колку договори за државна помош се потпишани во тој период, може да се види дека генерално станува збор за инвестиции на инвеститори кои долго време функционираат на македонскиот пазар, но од ТИРЗ не прецизираа со кои инвеститори е потпишан договор за државна помош во тој период, Во дописот само стои дека со сите компании го исполнуваат услови.
Според, последните податоци на НБРМ, заклучно со јули годинава вкупните странски инвестиции изнесуваат 87 милион евра, околу 25 милиони евра помалку од лани кога биле нешто над 112 милиони евра.
Ирена Чачкова












