Финансиската и демографската одржливост на пензискиот систем, како и можните насоки за негови реформи, ќе бидат во фокусот на презентација што денеска ја организира Фискалниот совет.
Ќе бидат претставени најновите анализи и проекции за идниот развој на пензискиот систем во Северна Македонија, со посебен осврт на функционирањето и перформансите на Вториот пензиски столб.
Според најавите, меѓу темите за кои ќе се дискутира се финансискиот јаз во пензискиот систем, влијанието на демографските трендови врз неговата одржливост, можните реформи за обезбедување стабилност на системот, како и приносите и идниот развој на Вториот пензиски столб.













