Една минимална плата одвај ги покрива трошоците за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство во месецот. ССМ ја објави новата пресметка за октомври.
Па, така според анализата, на едно четиричлено семејство за да преживее му се потребни над 70 илјади денари и во однос на септември е зголемена за над 900 денари.
За храна и пијалаци е потребна една минимална плата. Ако пак се изнајми и еден стан од околу 60 квадратни метри, синдикатите пресметале дека на едно четиричлено семејство во месецот му се птребаат речиси 86 илјади денари.

Деновиве пак и владата ја презентираше својата кошничка, која е просечна. Но пресемтката е направена за август месец. Ако се спореди со онаа на синдикатите, владината е помала за над 10 илјади денари. Но и за да се покрие таа не се доволни две минимални плати. Во месечните трошоци на владата за сега не се пресметани оние за кирија или за рата за кредит.
Владата скрои нова кошничка откако ја оспорија онаа на ССМ посочувајќи дека во нејзе има спорни производи. Инаку, новата кошничка е една од темите за кој ќе се разговара на новиот состанок на Економско социјален совет – ЕСС во понеделник. Според, досегашниот дневен ред минималната плата не е планирана точка за дискусија.












