Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули во 2026 година, изнесувал 5 102.9 милиони евра и бележи пораст од 8.4 % во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока, пак, е 7 199.3 милиони евра, што е за 7.8 % повеќе спроедено со лани, покажуваат податците на Државниот завод за статистика.
Најголемо учество вло извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, за авиони или за бродови, деловите за седишта и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – јули во 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.7 % во вкупната размена.













